Турската влада уништила повеќе од 300.000 книги.
Од обидот за државен удар во Турција пред три години од училиштата и библиотеките, според турското Министерство за образование, се отстранети, а потоа и уништени повеќе од 300.000 книги, јави Гардијан.
Режимот вели дека уништува сè што е поврзано со Фетулах Ѓулен, муслиманскиот свештеник кого Анкара го обвинува за обидот за државен удар.
Турскиот министер за образование Зија Селчук минатата недела објави дека се уништени 301.878 книги бидејќи владата уништува сè што е поврзано со Ѓулен.
Информацијата за прв пат ја објави весникот Хуриет со слики од запленети и запалени книги објавени од страницата Кронос27.
Ѓулен живее во САД и ја отфрла вмешаноста во пучот.