Го убедиле дека неговата мајка му е сестра, а баба му мајка: Шокантната приказна на Џек Николсон
Џек Николсон е еден од најценетите, но и еден од најнеобичните актери во Холивуд, најмногу поради тоа што неговата животна приказна е доста скандалозна.
Актерот кој остава без здив повеќе од шест десеции, славниот Џек Николсон е познат по своите саркастични, антихеројски улоги, како и оние во кои се појавува како отфрлен од општеството, бунтовник и лошиот во приказната. Николсон е актерска легенда во вистинска смисла на зборот.
Оскаровецот со широка насмевка во својата долга и богата кариера има снимено низа на филмски хитови, а покрај одличните улоги, неговите живот го одбележуваат и славните дами со кои се има забавувано.
Актерот има пет деца, а низа на згодни холивудски актерки, манекенки и воопшто ѕвезди паднаа на неговиот шарм, кој можеби не освојува со неверојатно тело и мускули, но затоа е доста харизматичен.
Роден во далечата 1937 година, Николсон од мали нозе бил опкружен со танчерки, бидејќи и неговата мајка играла во некој ноќен клуб, а се омажила за италијански танчер.
Николсон никогаш не го запознал својот вистински татко, а од својата мајка не успеал да открие никакви посебни детали за него, па така и ден денеска е нејасно кој всушност е неговиот татко.
Бидејќи неговата мајка имала само 17 години кога го родила, бабата и дедото на актерот, одлучиле да се грижат за него и неговата сестра како за свои родени деца, додека неговата мајка постојано глумела дека тој е нејзин помал брат.
Оваа скандалозна и комплицирана семејна приказна е откриена во 1974 година кога славниот магазин „Тајм“ објави текст за семејното стебло на славниот актер. Тогаш јавноста дозна дека неговата „сестра“ му е всушност мајка, а неговата наводна „мајка“ му е баба!
Во моментот кога се открила вистината, дедото и бабата на Николсон, како и неговата мајка, веќе биле мртви, па не можел да ги соочи со лагите кои му ги кажувале од најмали нозе.
Но, приказната не завршува овде. Николсон исто така сфатил дека неговата друга сестра Лорен, му е всушност тетка, а за медиумите овој период од животот го опишал како доста драматичен. Целиот живот комплетно му се променил. Сепак, иако бил шокиран, актерот рекол дека целата оваа работа не ја карактеризирал како трауматична, бидејќи бил психички стабилен во тој период од животот, па кога ја дознал вистината целото тоа го поднел стоечки.
Ако помисливте дека поради целата оваа драматична семејна историја, Николсон тежнеел по мирен дом – се излажавте! Тој шармер освои многу убавици, а иако бил во брак, Николсон никогаш не бил склон кон долги врски.
Единствениот брак на Николсон траел шест години - од 1962 до 1968. Актерот се оженил со Сандра Кајт, девојката која му родила дете, а иако во почетокот врската делувала идилично, на крај парот живеел одвоено две години пред финализирање на разводот.
Животот на актерот го потресе уште еден скандал и тоа кога една актерка го обвини дека е татко на нејзиното дете. Николсон одби да ја признае вистината долга низа на години, но подоцна било утврдено дека актерот сепак му го платил школувањето на детето.
Во периодот од 1973 до 1990 година, Николсон бил во врска со актерката Анжелица Хастон, која ја изневерувал со други жени, па често се смирувале и прекинувале.
Така, во еден налет на страст и направил дете на данската манекенка Вини Холман.
Паралелно со Анжелица, Џек кон крајот на 80 - тите години од минатиот век бил во врска со уште една актерка со која добил и две деца.
Николсон својот живот најмногу им го посветил на децата, на кои им пружал бескрајна и безусловна љубов. Признал дека му е жал што не ја гледал доволно постарата ќерка за да гради кариера, но со своите останати деца го минувал секој слободен момент.
Се чини дека бил поучен од сопствената шокантна семејна приказна, па одлучил на своите деца да им даде се што може и се труди постојано да биде со нив.