Како се храни Владимир Путин

Најмоќниот лидер појадува како крал, руча како цар, а вечера како слуга. Имено, има обилен појадок, за ручек сака риба и зеленчук, а вечера кефир.

Денот го почнува во базен, а потоа следи обилен појадок. Пие овошни сокови, а од есен до пролет пие сок од цвекло и малку рен. Тоа е одличен избор, бидејќи цвеклото содржи многу витамини и минерали.

Најчесто, појадува овесна каша, со која внесува десет витамини, а одлична е за одржување на телесната тежина. Често јаде омлет, а тоа е добро затоа што има многу малку калории и многу протеини.  Кога има тежок ден јаде јајца од препилица.

Владмир Путин потенцира дека сака да јаде зеленчук, посебно домати и краставици, и повеќе сака да јаде риба отколку месо.


Можеби ќе ве интересира: 

Откриена тајната на Путин: Еве зошто десната рака ја држи скоро неподвижна

Путин влегол во куќата во пламен за да ги спаси ќерките