11 години е постара од него: Како изгледа Хелена Сегар, сопругата на фудбалерот Златан Ибрахимовиќ

Хелена Сегер, животната партнерка на Златан Ибрахимовиќ, во последно време е во центарот на вниманието на јавноста, не по нејзина слободна волја.

Името на атрактивната Швеѓанка започна да се споменува почесто откако италијанскиот таблоид „Чи“ објави за прељубата на фудбалерот со најубавата новинарка во светот, Дилета Леота.

Елена останува надвор од очите на јавноста, а она што е познато за неа е дека таа била манекенка пред да се омажи, а потоа ја сменила својата професија и започнала сопствен бизнис.


Таа се запознала со Ибрахимовиќ во Малме во 2002 година.

„Кога го запознав Златан, тој имаше 21 година а јас имав 32 години. Имав кариера и богатство и не ми требаше фудбалер да ме издржува “, изјави таа во една пригода, додавајќи дека Ибрахимовиќ не бил нејзин тип на маж.


Покрај тоа, тој оставил лош впечаток врз неа првиот пат кога го запознала.

„Тој го блокираше мојот мерцедес со неговото Ферари, а јас го видов само неговиот голем нос и златниот часовник. Бев во лошо расположение и му викав, а мислам дека тоа му се допадна“, изјави Елена тогаш.

Во меѓувреме, таа го промени своето мислење за него, а парот денес има два сина.


Елена е убава, паметна и самостојна - не се фотографира за Инстаграм, не покажува чанти и чевли, а сопругот го поддржува на натпревари како вистински обожавател. Некои веруваат дека Ибрахимовиќ заработил милиони надвор од теренот благодарение на знаењето на неговата сопруга, која најдобро знае каде и како да инвестира пари.

Фото: Guliver Image/Getty Images/Инстаграм