110 години од Мајка Тереза: Ако не можеш да нахраниш 100-тина луѓе, нахрани само 1 човек

Мудрите мисли и зборови на оваа извонредна жена меѓу нас се денес присутни како никогаш досега. 

Граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“ од денеска до 5 септември ќе организира традиционалната манифестација „Денови на Св. Мајка Тереза“, која годинава е во знакот на 110–годишнината од нејзиното раѓање. Оваа манифестација се одржува по 21 пат, а ќе започне на роденденот на Св. Мајка Тереза, на 26 август.

Токму нејзините пораки за мир не' насочуваат на размислувањето да станеме подобри луѓе, баш како што и самата Мајка Тереза правеше целиот свој живот. Нека овие цитати во продолжение ви бидат мантра за секој ден. 

- „Ако не можеш да нахраниш 100-тина луѓе, нахрани само 1 човек.“

-„Оние кои ги осудуваат луѓето немаат време да ги сакаат.“ 

- „Некои луѓе влегуваат во твојот живот како благослов, а некои како лекција.“ 

-„Не сме сите создадени да правиме големи работи. Но, затоа можеме да правиме мали работи со многу љубов.“ 

- „Осаменоста и чувството дека не сте сакани е најголемата сиромаштија.“ 

- „Не е важно колку работите, важно е колку љубов внесувате во тоа што го правите.“ 

-„За да го вратиме мирот, не ни требаат оружја и бомби. Ни треба љубов и сочувство.“ -„Мирот започнува со насмевката.“ 

- „Дочекајте се едни со други со насмевка, бидејќи насмевката е почетокот на љубовта.“ 

-„Пронајдов еден парадокс. Ако сакате некого до болка, тоа значи дека болката повеќе нема да постои, туку само љубовта.“ 

- „Мирот не постои. Тоа е затоа што заборавивме дека припаѓаме едни на други.“ 

- „Што можете да направите за да го промовирате мирот во светот? Одете дома и сакајте го вашето семејство.“ 

- „Најдете време за игра, тоа е тајната на вечната младост.“ 

- „Секој кој ви се приближува нека си оди од кај вас подобар и посреќен.“ 

- „Има повеќе глад во светот за љубов и почитување, отколку за леб.“