3 интересни работи што не сте ги знаеле за Белата куќа (видео)

Во 1791 година, првиот претседател на САД, Џорџ Вашингтон, ја одобри локацијата каде што ќе се гради Белата куќа

Белата куќа, каде што живее претседателот на Соединетите Американски Држави, нов станар, Џо Бајден кој официјално стана човекот што ќе ја води државата во следните четири години.

Оваа зграда е симбол на политичката моќ на Соединетите држави, но покрај тоа што е една од најпознатите чувани институции во светот, постојат и некои работи за кои веројатно не сте знаеле.

Нејзиниот „Основач“ дури и не живееше таму

Првиот претседател на САД, Џорџ Вашингтон, ја одобри локацијата каде ќе се гради Белата куќа во 1791 година, а тој исто така избра и како ќе изгледа, пренесува порталот „Newsbeast.gr“. Темелите беа поставени на 13 октомври 1792 година, а потоа започна и изградбата. Вашингтон, чиј мандат му заврши во 1797 година и почина две години подоцна, никогаш немаше можност да живее во „претседателската палата“.

Првиот претседател што се преселил таму бил Џон Адамс со неговата сопруга Абигејл. Во 1800 година, тие се преселија во Белата куќа, која сè уште не беше завршена.

Немаше официјално име пред 1901 година

Иако е официјална претседателска резиденција од 1800 година, зградата не доби официјално име. Стана Бела куќа дури во 1901 година, кога беше „прогласена“ од тогаш првиот човек на Америка, Теодор Рузвелт.

Пред тоа, се користеа изрази како „Претседателски дом“ или „Претседателска вила“.

Духови во Белата куќа?

Според некои историчари, многу претседатели, први дами, членови на кабинетот или посетители на Белата куќа тврдат дека виделе духови во различни простории на зградата. Според гласините, духот на Абигејл Адамс, сопругата на претседателот Џон Адамс и првиот шеф на државата кој живеел во Белата куќа, наводно „лебди“ по источното крило на таа институција. Таа наводно ја ширела својата облека...

Најпознатиот дух што живее во Белата куќа е наводно духот на претседателот Абрахам Линколн, кога тој наводно бил виден од сопругите на тројца претседатели.

Дури и поранешниот премиер на Велика Британија, Винстон Черчил, рече дека го видел духот на Линколн додека бил во Белата куќа за време на Втората светска војна.