36 години секој ден јаде во Мекдоналдс, сега слави 100-ти роденден: Не планира да запре, а сите се прашуваат како му успеало
Ветеран од Втората светска војна веќе 36 години секој ден оди во популарниот ресторан за брза храна, а сега наполни 100 години!
Зан Вајт од Америка го прослави својот 100-ти роденден. Она што го привлече вниманието на јавноста е тоа што ветеранот од Втората светска војна веќе 36 години јаде секој ден во Мекдоналдс. Појадокот во популарниот синџир за брза храна го нарекува традиција, па дури и основал специјална група за постари лица наречена „Клуб на пензионери кои јадат“. Оваа група вклучува десетина негови пријатели.
Зан признава дека не ја знае тајната на неговата долговечност, но рече дека знае дека не планира да ги промени своите навики.
„Доаѓам овде речиси четири децении секој ден. Сега не можам да престанам“, вели Зан, кој добро го познава регионалниот директор Мек. „Го гледав речиси секое утро во текот на 24 години што работев овде. Мило ми е што го запознав“, изјави ветеранот.
Зан го прослави 100-тиот роденден со брза храна. Неговото семејство, кое вклучува 17 членови, имено три сина, внуци и правнуци, му се придружи на пензионерот на вечерата одржана во Мек. Да потсетиме, Кевин Мегинс е човек кој во својата шеста деценија решил да спроведе експеримент кој вклучува јадење само оброци од Mекдоналд во текот на 100 дена.
Неговата тежина паднала од 108 на 81,5 килограми, но тоа не е се. Решил да направи тест на крвта и јавно ги покажал резултатите. Дознал дека нивото на холестерол му паднало, како и триглицеридите. Според него, тој бил во преддијабетична фаза, а шеќерот во крвта му бил во здрави граници.