Забележано недопирливо суштество, до сега видено само 3 пати во историјата

Необичен розов вид медуза позната како Drimonema dalmatinum, за која Дејли Стар тврди дека е забележана само три пати во историјата, неодамна е видена во Заливот на Трст, крајбрежјето на Италија.

Недофатливата медуза за прв пат ја забележал германски натуралист во 19 век, и оттогаш е видена само два пати - еднаш во 1945 година, а потоа и во 2014 година.

Водното суштество, познато и како „Карфиол кој гризе“, наводно, беше снимено од нуркачи на 10 јуни, а портпарол на резерватот за биосфера „Мирамаре“ ја опиша средбата како „навистина извонредна“.


„Дримонема за прв пат беше видена на брегот во Далмација во 1880 година од германскиот натуралист Ернст Хекл, а беше забележана и во 1945 година“, рече тој. „Потоа еден од нашите истражувачи ја забележа во Заливот на Трст во 2014 година“.

Истражувачите забележуваат дека личност која наидува на такво суштество треба да се смета себе си за "многу привилегирана", но исто така треба да бега од неа со голема брзина затоа што може да биде фатална.