Ѕирнете во ултра модерниот стан на Новак Ѓоковиќ

Најдобриот тенисер во светот пред извесно време купи стан во Мајами за 6.7 милиони долари...

Феноменален нов стан на Новак Ѓоковиќ се наоѓа до обалата на Мајами во преубавата „Eighty Seven Park“ зграда.

Овој стан е креиран за да го овозможи најдобриот поглед на Атлантскиот океан. Неверојатно е светол, содржи големи и високи тереси, а на своето приземје поседува и базент во кој Ноле може да ужива со својата фамилија. 

Покрај трите соби, овој скапоцен стан содржи три бањи, сауна, бар, преубав двор, приватна библиотека и ентериер на кој би му завиделе и најбогатите луѓе на планетата.

 Цените на становите кои се продаваат во оваа зграда се движат од 2 милиона па се до 13 милиони, па затоа Ноле одлучил да не претерува и да не се истроши премногу, па овој стан со цена од 6.7 милиони долари го избрал како златна средина. 

Тој изјави дека овој стан ќе им пружи вистинско задоволство и на него, на неговата жена Јелена, но и на децата Стефан и Тара. Погледнете како изгледа новиот стан: