Ако се доближите до него- ЌЕ ВЕ ИЗГОРИ БУКВАЛНО: Најсмртоносното дрво на светот

Опасните органски соединенија кои постојат во ова растение предизвикуваат изгореници дури и кога се разредуваат со дождовница.

Радиологот Никол Стрикленд замина на одмор на карипскиот остров Тобаго, тропски рај богат со идилични песочни плажи. На првото утро од престојот таму, бараше школки и корали во белиот песок, но наскоро одморот премина во пекол.

Шетајќи меѓу кокосовите дрвја на плажа, Стрикленд и нејзината пријателка наидоа на миризливо зелено овошје слично на дивите јаболка.

Невнимателно одлучија да го испробаат овошјето. После еден момент уживање во слаткиот вкус, нивните грла почнаа да горат, а наскоро и едвај можеа да голтаат.

Плодот за кој станува збор се одгледува на дрво од семејството Hippomane mancinella , понекогаш се нарекува 'смртоносно јаболко' или 'отровна гуава'. Расте во тропските области во југот на Северна Америка, како и во Централна Америка, Карибите и северните делови на Јужна Америка, пренесува Science Alert.

Полодот на шпански е наречен "arbol de la muerte", што буквално значи "дрво на смртта". Според Гинисовата книга на рекорди, ова дрво е всушност најопасното дрво на светот.

Како што е објаснето од Институтот за храна и земјоделски науки во Флорида, сите делови од него се екстремно токсични и „интеракцијата со кој било дел од ова дрво или ако го голтате плодот, може да биде смртоносно“.

Отровот во ова дрво е толку силен што не се препорачува да се застане под него ни кога врне дожд: органското соединение Форбол, ако се разредени со дождовница, може да предизвика сериозни изгореници.

Поради тоа што се многу токсични, некои дрвја се покриени на некои територии со црвени крстови или јасни предупредувачки знаци, така што оние што не се свесни за неверојатните својства на ова дрво, нема да се приближат до растението, пренесува Klix.ba.

Ако тие веќе имаат таков негативен ефект, зошто не ги исечат, се прашувате?

Ова дрво е многу важно во локалните екосистеми во кои се одгледува и се смета за едно од главните во линија на одбрана од ерозија на плажите на Централна Америка.

До денес се пријавени многу повреди на очите, привремено слепило, воспаление поради вдишување на дел од растението, како и смртни случаи.

Карибските столари, со векови го користат ова дрво, затоа што тие можеа да ја откријат тајната за точно отстранување на отровот со сушење на дрвото на сонцето.

„Вистинската закана од смрт доаѓа ако го изедете неговиот малку кружен плод“, пишува Ела Дејвис за Би-Би-Си. 

„Ова овошје може да се покаже како фатално затоа што предизвикува повраќање и тешка дијареја што го дехидрира телото до моментот кога нема враќање“.

Никол и нејзината пријателка, за среќа, не се повредиле откако го вкусиле овошјето на ова дрво затоа што каснале многу мали парчиња, а таа објавила студија во 2000 година во британскиот медицински журнал во која ги детализира сите симптоми што ги чувствувала. За осум часа, пишува таа, агонијата траела како цела вечност. Цело време пиела млеко и пинаколада.