Америка во центарот на коронавирус жариштето: 1000 починати за еден ден
Најголемото жариште на коронавиреусот во светот се‘ уште се Соединетите Американски држави. Иако владата созаде милиони протоколи сепак, ситуацијата е алармантна.
Само вчера забележаа повеќе од 1.000 смртни случаи поврзани со коронавирус во еден ден, за прв пат од почетокот на јуни.
Бројот на жртви паѓаше со недели ама само пред три дена бројките нагло пораснаа.Т
-Починале скоро 142.000 Американци заразени со коронавирус, а експертите предупредуваат дека тој број веројатно ќе се зголеми, со оглед на новите рекордни броеви на нови случаи на инфекција и зголемениот број хоспитализирани во бројни држави.
Најголем број на смртни случаи во САД е регистриран во април, кога во земјата дневно умирале по 2.000 луѓе. Бројот на починати полека опаѓал, па така што во април имало околу 1.300 смртни случаи дневно, а во јуни под 800 на ден, пренесува Ројтерс.
Додека бројот на нови случаи на инфекција може делумно да се припише на зголемено тестирање, хоспитализациите, кои не се поврзани со тестирањето, исто така, започнаа да растат кон крајот на јуни.