апонски научници направија светлечки маски кои детектираат коронавирус

Тим научници од Универзитетот во префектурата Кјото, предводен од Јасухиро Цукамото (52), се надева дека маските ќе им овозможат на корисниците лесен начин да се тестираат на корона вирусот, пренесува агенцијата Кјодо.

Се вели дека тимот научници бара одобрение од владата за продажба на маските следната година.

За правење на овие маски се користат антитела извлечени од јајца од ној.Ноевите се способни да произведат неколку различни видови на антитела, или протеини кои ги неутрализираат туѓите ентитети во телото, според Kyodo.

Во февруари минатата година, тимот инјектирал неактивен и безопасен облик на корона вирусот во женки на ној, успешно извлекувајќи големи количества антитела од јајцата што ги снесле.Тимот потоа развил специјален филтер сместен во внатрешноста на маската за лице, кој може да се отстрани и да се испрска со флуоресцентна боја која содржи антитела од јајцата од ној кон корона вирусот.

Доколку е присутен корона вирусот, филтерот ќе свети кога е под ултравиолетова светлина.

Тимот на Цукамото го спровел експериментот 10 дена на 32 лица заразени со корона вирусот.Потоа откриле дека сите маски што ги носеле блескале под УВ светлина, која избледувала со текот на времето.

Следна цел на тимот на Цукамото е, како што се наведува, да го прошири експериментот на 150 учесници.

„Во иднина, сакам да го претворам ова во лесен комплет за тестирање што секој може да го користи“, рече тој.