Барал храна, пронашол богатство: Во пештера ископал свод со 209 римски дукати

Археолозите го поздравија откритието, велејќи дека е „исклучително бидејќи биле пронајдени монети од третиот до петтиот век од нашата ера

Гладен јазовец ја открил најголемата колекција на римски монети досега во историјата на Шпанија додека барал храна.

Истражувачите се убедени дека јазовец кој очајно барал храна довел до откривање на скриена ризница од 209 римски дукати во пештера во близина на градот Градо во областа Астурија во северна Шпанија, пишува весникот „Мирор“.

Археолозите го поздравија откритието, велејќи дека е „исклучително бидејќи биле пронајдени монети од третиот до петтиот век од нашата ера“.

На само неколку метри од јазовското јазовче се пронајдени римски монети неколку месеци по големата снежна бура „Филомена“, која донесе огромни количества снег во некои делови на Шпанија и температура од минус 10 степени Целзиусови.

Истражувачите веруваат дека снегот го принудил јазовецот да копа во потрага по храна во близина на своето дувло и дека наместо храна нашол скриен свод со римски монети ковани во Константинопол и Солун, изјави археологот Алфонсо Фанџул Пераза за шпанскиот дневен весник El Pais, пренесува Лондонски „Гардијан“.

Поголемиот дел од пронајдените монети се изработени од бакар и бронза, а се верува дека најголемата монета тешка повеќе од осум грама со околу четири отсто сребро е кована во Лондон.

„До денес ова е најголемата ризница на римски монети пронајдена во пештера во северна Шпанија“, потврдија истражувачите во неодамнешниот извештај.


Фото: Youtube - screenshoot - Shaun Oliver

Извор: ало