Бил Гејтс „искешира“ 43 милиони долари за раскошна вила: Додека расправа за вирусот, си ужива
И додека е „растргнат“ помеѓу гласините за вакцината против коронавируст и чипувањето, овој милијардер рече дека „единствениот начин на кој целосно ќе се вратиме во нормала е, можеби не првата генерација на вакцини, но на крај високо ефективна вакцина која ќе ја земат многу луѓе и болеста ќе се елиминира на глобално ниво“.
Ама и покрај се, си се поднови.
Мелинда и Бил Гејтс „искешираа“ дури 43 милиони американски долари за нивниот нов дом, а веќе првиот поглед на локацијата и луксузната вила, ќе ве остави без зборови.
Имотот се наоѓа во Калифорнија Дел Мар и има неверојатен поглед на океанот, пренесува baltimoresun.com.
Ова е еден од најскапите имоти во областа.
Она што е посебно е дека покрај главната куќа во која ќе престојува семејството Гејтс, има стаклена градина, како и две куќи за гости, од кои сите имаат пристап до спа-објекти, домашно кино, како и стаклен базен, тениско игралиште и џакузи за десет лица.
Вилата, како и сè околу неа, се наоѓа крај океанот, изградена е во 1999 година од познатиот архитект и дизајнер Кен Рончешти.