Бирото за национална безбедност на САД предупреди: Вонземјаните може да нè контактираат
Иако до неодамна научната заедница ги отфрлаше ваквите
тврдења, во последните години „климата“ се промени и сега постоењето на
вонземјани е нешто што повеќето не се ни сомневаат, се вели во објавен документ
...
Канцеларијата за национална безбедност на САД објави делови од документот „Комуникација со вонземјани разузнавачи“ во кој предупредуваат на начините на кои „малите зелени“ би можеле да се обидат да контактираат со нас, но и најавија дека тоа можеме да го очекуваме брзо, пишува TheSun.
- Не сме сами во вселената. До пред неколку години ова не звучеше убедливо, но денес постоењето на други интелигентни суштества во вселената го земаме како нешто што е сигурно – се вели во документот.
Во објавениот документ се наведува работата на „Американската академија на науките“ за постоењето на интелигентен живот некаде во вселената.
- Тоа веќе не е нешто од нашите најлуди соништа, туку нешто природно, нешто што би можело да се случи во текот на нашите животи - се наведува во споменатиот труд.
Тие исто така велат дека веруваат дека најблиските интелигентни суштества во универзумот се оддалечени сто светлосни години, но исто така се согласуваат со светски познатиот астроном Бернард Ловел, кој рече дека има најмалку 100 милиони ѕвезди во универзумот кои би можеле да ја „поддржат“ органската еволуција. .
И како посетителите од вселената ќе контактираат со нас? Па, според овој сега декласифициран документ, од кој е отстранет „превезот на тајноста“, тврдат дека една од можностите е тоа да биде преку посебен сигнал со фреквенција од 1420,405752 MHz во секунда.
Не се знае колку години ќе поминат пред потенцијалниот контакт, но Пентагон минатиот месец најави формирање на канцеларија за истражување на НЛО, па кој знае ...
Фото: фреепик