Често ја спомнуваме, но дали знаете каде всушност се наоѓа Тунгузија?
Кога велиме Тунгузија, најчесто мислиме на место кое е (пре)далеку, а некој би додал „усвет“.
Сепак, Тунгузија постои и се наоѓа во Русија, поточно во североисточниот дел на Краснојарската област.
Веднаш да истакнеме дека во денешно време попознат е терминот Евенки регион или Евенкија, а дека Тунгузија е постаро име.
Областа првично била населена со племиња Евенки (наречени Тунгузи) и била припоена кон Русија во средината на 17 век.
На Инстаграм страната „geografija_insta“ беше објавена и карта на регионот кој опфаќа 879.900 km2.
Оваа област е позната и по падот на метеорит на 30 јуни 1908 година, кој предизвика огромна експлозија и уништување на, како што се верува, 60 милиони дрвја.
Во таа прилика, 2.150 km² тајга беа срамнети со земја, а до денес не е разјаснето дали метеорит или комета удрил во површината на Земјата.
(Telegraf.rs)