Чудо на природата во Словенија: Смарагдно зелен водопад кој остава без здив! (ФОТО)
Овој водопад нуди нереален поглед и претставува вистинско
задоволство за сите посетители, на тоа неверојатно место коешто го создала природата може да се направат незаборавни фотографии од безбедно растојание.
Водопадот Вирје е нереален прекрасен водопад во Словенија, сместен под потокот Глијун, под падините на планинскиот масив Канин, кој се наоѓа на Јулијанските Алпи на границата со Италија.
Глиун се влева во ширина од 20 метри и е висок 12 метри кој поминува низ помали водопади што прават базен со прекрасна смарагдно зелена боја.
Иако на многумина им се чини дека е совршен за освежување, треба да имате предвид дека поради топењето на снегот од околните планини, водата е прилично студена, па пливањето не е дозволено.
Иако е скриен, Водопадот Вирје ја има титулата најубавиот водопад во Словенија. Можеби токму тајнственоста му дава посебен шарм.
Фото: Shutterstock
Можеби ќе ве интересира:
Скриени природни богатства во земјава: Три водопади кои се рајска убавинаРај за очи и душа: Најимпресивните природни феномени