Дали е опасно да се спие со растенија во соба?

Дали сте го слушнале митот дека растенијата можат да ве задушат во текот на ноќта?

Сигурни сме дека во основно училиште научивте дека во текот на денот, растенијата произведуваат кислород преку процесот на фотосинтеза, со користење на сончева енергија за да се хранат и создаваат кислород од јаглерод диоксид. Сепак, што се случува кога сонцето престанува да свети...

Како и сите живи суштества на оваа планета, и растенијата мора да дишат, а во периодот кога нема сонце, тие користат кислород и испуштаат јаглерод диоксид. Ова создаде мит кој ни кажува дека растенијата во спалната соба можат да не задушат ако спиеме покрај нив, бидејќи тие испуштаат голема количина јаглерод диоксид.

Tочно дека растенијата користат кислород во текот на ноќта и испуштаат јаглерод диоксид. Таа количина е толку мала, што е едноставно невозможно растението да ве задуши. Ако овој мит беше вистински, тоа значи дека секој престој во шумата или слично место во мракот би бил од клучно значење за вашето здравје.

Кога спиете во просторија со многу растенија, се чини дека покрај вас има уште еднo или две лица, кои трошат кислород во просторијата со вас. Значи, ништо нема да ви се случи, но ако се плашите и ако сте несигурни, тогаш едноставно малку отворете го прозорецот и резервите на кислород секогаш ќе влезат во вашата соба.

Фото: Focused Collectio