Дали и како коронавирусот е поврзан и со носењето очила? Научниците со интересно сознание
За многу нешта научниците беа во право и ова е открите кое менува многу работи. Според научни сознанија, најновото откритие е многу „чудно“.
Поради огромното тестирање на луѓе, научниците ширум светот успеваат да направат доста интересни откритија, а многу од нив се поврзани со коронавирусот. Знаеме дека ковид-19 е вирус кој ги инфицира респираторните системи и досега сфативме дека маската е најдоброто оружје во борбата против овој невидлив непријател.
Сепак, научниците сега направија уште едно откритие.Тие забележаа дека повеќето заразени луѓе не носат очила и дека има ретки случаи на луѓе кои носат очила. Понатамошно истражување открило дека луѓето кои носат очила подолго од 6 часа на ден имаат 30% помали шанси да добијат коронавирус, бидејќи очилата служат како еден вид дополнителна заштита.
Слузницата на нашето око нема заштитна улога, па ако вирусот влезе во нашето око, можеме да се заразиме без оглед дали имаме маска. Ако носиме очила, тогаш вирусот ќе биде многу потешко да стигне до нашето око. Затоа лекарите ве советуваат да носите очила за сонце кога ќе ги напуштите домовите за да се заштитите понатаму.