Дали ќе биде Балканско финале: Нашите соседи се пласираа во финалето на Евровизија

Деновиве Еворовизиските фанови ширум светот имаа можност да ги гледаат двете полуфинални вечери на Изборот за Песна на Евровизија.

На втората полуфинална вечер која се одржа вчера во Ротердам, Холандија четири Балкански земји влегоа во финале.

Албанија, Србија, Грција и Бугарија.  Ова се случува по подого време.

Останатите 6 земји кои директно влегоа во финале се Молдавија, Португалија, Исланд, Сан Марино, Швајцарија и Финска. Нашиот претставниик Васил Гарванлиев не се пласира, а учествуваше во првата полуфинална вечер.

На големата сцена во Ротердам во сабота ќе имаме можност да видиме различни песни, а засега фаворити се Франција, Швајцарија и Малта.