Дали ќе добие палестинско име: Супер манекенката Џиџи Хадид роди ќерка
Како и сите славни личности, и тие ја споделија радоста со светот.
Џиџи Хадид и Зејн Малик официјално се родителите: парот првото дете го доби 23 септември, а според првичните фотографии, мајката и бебето се чувствуваат добро.
Првата фотографија, на која се наоѓа рачето на малото девојче, на социјалните мрежи ја сподели гордиот татко.
„Нашето девојче е овде, здраво и преубаво“ - напиша тој.
„Не можам со зборови да опишам што чувствувам сега. Љубовта која ја чувствам за ова мало човечко битие е неопислива. Благодарен сум што ја запознав, што ја нарекувам моја и благодарен сум на животот кој ќе го имаме заедно“ - додаде тој.
Инаку, дека Џиџи се породи се шпекулираше уште минатата недела, кога нејзиниот татко Мохамед Хадид на Инстаграм сподели порака која беше до неговата внука.
Токму таткото на Џиџи и Бела Хадит се декларира како Палестинец. Семјеството има корени од Израел, а често неговите две ќерки го проддржуваат палестинското движење. Светските медиуми шпекулираат дека внуката на Мохамед сигурно ќе има традиционално плаестинско име.