ДАЛИ КОНЕЧНО Е ПРОНАЈДЕН ЛЕК ЗА КОРОНАВИРУСОТ? На ваква метода човештвото се осмелува за прв пат!
Започнува клиничко испитување во Франција, во кое крвната плазма на пациенти со коронавирус ќе се инјектира со пациенти во акутната фаза на болеста.
- Клиничкото испитување се состои во трансфузија на плазма на пациенти со Covid-19 со антитела на вирусот. Тој имунитет може да се пренесе на пациент од коронавирус, се вели во заедничката изјава на Универзитетската клиника во Париз, Францускиот институт за крв и Националниот институт за здравствени и медицински истражувања.
Крвната плазма на пациенти со Covid-19 содржи антитела што ги развила нивното тело.
- Овие антитела можат да им помогнат на пациентите во акутната фаза на болеста да се борат со вирусот. Човештвто за прв пат се осмелува на ваков чекор - додаваат експертите.
Резултатите се очекуваат за две до три недели. Целното земање примероци веќе е организирано од во некои француски провинции меѓу двесте пациенти кои закрепнале најмалку пред 14 дена.
- Пациентите кои се опоравиле од коронавирус ќе бидат лично повикани да испорачуваат плазма - се вели во соопштението.
До денес, повеќе од 1,2 милиони луѓе се заразени со коронавирус ширум светот, поточно, според податоците на веб-страницата Worldometers, 1.202.715 се заразиле со оваа болест.