ДАЛИ ТУКА СЕ КРИЕ СВЕТИОТ ГРАЛ? Во мала капела во Полска откриена тајната на Темпларите
Тајните одаи на витезите Темпларите биле откриени
во мала капела во полскиот град Хвар, а археолозите испитуваат дали во нив е
скриен Светиот Грал, чашата што ја користел Исус Христос за време на Тајната
вечера.
Светиот Грал е една од најголемите тајни на
археологијата, по која постојано се трага. Според библиската традиција, Христос
пиел вино од него за време на вечерата со апостолите пред распетието.
Го користел и Јосиф Ариматејски за време на
распетието на Христос за да собере Христова крв, а денешното причестување, за
кое се верува дека е востановено на Тајната вечера, потекнува од виното како
симбол на Христовата крв пролеана на распетието.
Потрагата по Светиот Грал трае со векови, толку
многу што веќе стана симбол на безнадежна потрага.
Сепак, полските археолози сега се убедени дека
можеби се на неговата трага.
- Нашиот радар за подземно снимање откри готска
крипта со остатоци од витешки витези под капелата Свети Станислав во Хварчани -
рече археологот Пжемислав Коловски.
Извор: republika.rs
Moжеби ќе ве интересира:
Црквата Хора во Турција ќе стане џамија: Зошто ова христијанско светилиште е важно за православието