Тоше го градеше со свои раце: Манастирот Свето Преображение
Вчера беше голем ден, празникот Преображение на Господ Исус Христос- празникот на Неговото Преображение на Таворската гора.
Свето Преображение — манастирска црква во крушевското село Селце, која го носи името по истоимениот празник, вчера празнуваше.Црквата се наоѓа во близина на Крушево, во месноста Ручало. Била разрушена во XIX век, а возобновена во 1986 година. Црквата е единствена во манастирскиот комплекс, познат по тоа што е возобновен од македонската музичка легенда Тоше Проески.
Сите граѓани на Крушево помагаа во градбата на манастирскиот комплекс, а голема улога во неговата обнова имаше трагично загинатиот, нашиот, Тоше Проески кој донираше многу средства за негово возобновување и не се срамеше да каже дека и тој помагаше во физичката работа при градбата. А на 18 август во 2014 година, се исполни една голема желба на Тоше.
По заминувањето на Тоше од овој свет, овој храм е утеха за неговото семејство.
Вистинско богатство е прошетката до Манастирот Свето Преображение, кој се наоѓа на 5 километри од Крушево, на речиси 1.600 надморска височина. Возејќи или пешаќејќи по асвалтирана шумска патека, опиени од свежиот воздух ќе стасате до местото кое Тоше Проески го нарекуваше свој втор дом.