Дијамант чист како солза: Редок примерок, 102 карати и продаден онјлан

Дијамантот е беспрекорен и дека е тешко да се процени неговата чистота и убавина. И да, толку е редок што уште само седум дијаманти во светот се поголеми од 100 карати и се со ист квалитет. А овој има 102 карати и е продаден на аукција во Хонг Конг за 15,7 милиони американски долари, а експертите велат дека купувачот, кој ја дал понудата преку телефон, го добил по поволна цена.

Редок случај да се продаде вакво нешто онлајн. Инаку, Би-Би-Си пишува дека аукциската куќа Сотби организирала онлајн аукција поради пандемијата. Дијамантот е извлечен од камен од 271 карат пронајден во рудник во Канада во 2018 година.

Тобијас Кормајнд, управител на онлајн продавницата за накит „77 Diamonds“, проценил дека купувачот го добил скапоцениот камен по добра цена.