Дрвото со дури 40 различни видови на овошје: Го викаат Франкенштајн
Ова неверојатно дрво навистина постои и е уникатно. На прв поглед изгледа нереално, но сепак, секое негово војшје е вкусно и сочно. Имено, во 2008 година, барајќи примероци да создаде дрво со разнобојни цветови за уметнички проект, уметникот и професор по уметност на Сиракускиот универзитет Сем Ван Акен ја имал можноста да се здобие со овоштарник од 1.2 хектари од Њујоршката државна земјоделско-експериментална станица.
Фасциниран од калемењето дрва уште од најмала возраст, Акен почнал калеми пупки од 250 различни видови на овошје најдени во овоштарникот на едно единствено дрво.
За да го создаде ова Франкенштајн дрво, Акен работел со семкасти овошја како праски, сливи, кајсии, бадеми. Во текот на пет години тој успешно накалемил повеќе растенија на едно дрво, и така се родило „Дрвото со 40 плодови“. Поради нивните сличности, пупките, цветовите и плодовите на сите четириесет видови на овошје функционираат во речиси совршена хармонија.
Оттогаш Акен накалемил барем 16 различни „Дрвја со четириесет плодови“ коишто се насадени во различни краишта на САД како Њутон, Паунд Риџ, Масачусетс, Њујорк, Њу Џњеси, Арканзас, Калифорнија и др. Секое дрво одговара на околината кадешто се наоѓа.