Две мумии ги изненадија научниците: Скенерот покажа дека во нив нема човечки остатоци

фото:SHUTTERSTOCK

Две мумии долги 45 сантиметри стоеле во музејот со децении пред да бидат детално проучени.

Двете минијатурни мумии, кои беа откриени во Египет, најпрво се снимени со компјутерски томограф, чија слика покажа дека во нив нема човечки останки, како што очекуваа археолозите.

Две мумии долги 45 сантиметри, во облик на човечко тело, со децении се чуваат во музеј во Хаифа, но досега не се детално проучени, бидејќи се веруваше дека во нив се наоѓа срцето на починатиот во чијшто саркофаг се пронајдени, земени со КТ скен, констатирано е дека во нив нема човечки останки. Во едната имаше мешавина од жито и кал, а во другата мумифицирана птица, најверојатно сокол.

„Птицата нема лева нога, но никој не знае зошто“, вели д-р Марсија Чавит, која ги снимила мумиите.

Засега е познато дека мумиите се стари повеќе од 2.000 години, вели Рон Хилел од музејот во Хаифа, каде што се чуваат.

Проучувањето на мумиите започнало сосема случајно, бидејќи во музејот, при класификацијата на она што го поседуваат, откриле дека не знаат ништо за нив. Срцето најчесто се остава во тело кое е мумифицирано, бидејќи според верувањата на Старите Египќани срцето играло одлучувачка улога за тоа дали некој ќе добие вечен живот, но и вегетацијата. За време на фестивалот посветен на него, објаснуваат стручњаците, таква мешавина од кал и зрна била потопена во вода, по што зрното би почнало да 'рти, што било симбол на улогата на Озирис како бог на животот.

Втората мумија, која содржи остатоци од птица, е во форма на богот Хорус. Овој бог, според египетската митологија, има глава на сокол и тој е син на Озирис и божицата Изида.

Две мумии долги 45 сантиметри стоеле во музејот со децении пред да бидат детално проучени.

ИЗВОР: YOUTUBE

Извор: Спутник