Е-бизнис пакети од УНИБанка АД Скопје - за поголема ефикасност и економичност во банкарските трансакции
На секој деловен субјект кој посакува континуиран раст и развој, вклучително и стартап компаниите потребна им е Банка која ќе биде нивен доверлив партнер и која ќе ги поддржува во реализацијата на развојните планови. Банка на која ќе се потпрат во секојдневното работење и која ќе има разбирање за нивните потреби.
Еден од начините за воспоставување доверба е да се има транспарентност во банкарските трансакции и да се обезбеди предвидливост во сите трошоци од работењето, поврзани со банкарските операции.
Важна е транспарентноста, но и ефикасноста и сигурноста во спроведувањето на дигиталните банкарските операции.
Дигитализацијата во деловните трансакции е суштински дел од работните процеси и околу тоа немаме сомнежи, прашањето е само која Банка на најдобар начин ќе ни ја овозможи.
Онлајн плаќањата, плаќањата преку КИБС и МИПС, увид во изводите, девизните приливи, мобилно и електронско банкарство, уплата на дневен промет Cash In 24/7, како и поседувањето бизнис дебитна картичка се активности кои се дел од секојдневното работење, кои сакаме беспрекорно да функционираат, но и да имаме јасен увид во трошоците за нивна реализација.
Па така, доколку размислувате за прв пат да отворите платежна сметка во банка или сакате да отворите нова сметка, добро е да бидете информирани дека УНИБанка нуди поволности и атрактивни бизнис Е-пакети кои не се пропуштаат.
Со основниот “Е-пакет МИНИ” добивате бројни банкарски услуги и дополнителни 30 интерни плаќања, 11 плаќања преку КИБС и 2 плаќања преку МИПС, што е одлична можност за компании или стартапи со помал обем на трансакции, кои добиваат професионална банкарска поддршка за само 690 денари.
За оние компании кои имаат поголем број на транскации тука е вториот “Е-бизнис пакет”, кој покрај другите поволности, вклучува неограничени интерни плаќања, 22 плаќања преку КИБС и 6 плаќања преку МИПС бесплатно. За истакнување е “Е-бизнис пакетот +”, кој обезбедува и 3 бесплатни девизни плаќања со SNA трошоци.
Со избор на еден од трите Е-бизнис пакети на УНИБанка имате можност да бидете дел од модерна и дигитална Банка која има капацитет да одговори на сите Ваши барања и потреби и каде ќе се чувствувате како ценет и почитуван клиент.
Што треба да направите?
Да отворите нова платежна сметка во УНИБанка АД Скопје, а ако веќе имате постоечка сметка, потребно е да земете бизнис дебитна картичка, со што ќе добиете 3 месеци бесплатно активирање на еден од трите УНИкатни Бизнис е-пакети.
На овој начин не треба да се грижите за банкарските операции, туку целосно да се посветите на својот бизнис, бидејќи имате Банка која ќе ги исполни сите ваши очекувања.