Еден од 100 илјади: Охотското „Грдо пајче“ под будното око на руските биолози

Издвојувајќи се од толпата по изглед, црвенкастото младо од фока стана предмет на набљудување од руските биолози, кои будно се следи дали групата ќе го одбие. Ако биде одбиено, шансите тоа да преживее се мали.

Покрај крзното во боја на ѓумбир, младенчето забележано во Охотското Море во Русија се издвојува од останатите во групата по сините очи и скоро розовото крзно, а експертите велат дека шансите да се роди делумно албино-фока се еден на 100.000 и затоа постои опасност да  не е прифатено од членовите на неговата група.

Засега, вели биологот Владимир Бурканов, ова мало, кому му беше даден прекарот „Грдото пајче“, не е целосно исклучено, но има индикации дека другите фоки малку го избегнуваат.