Едното сино, едното кафено око: Кој е овој наш најголем- поголем и од Цезар

Еден од најголемите војсководци кој одбележа еден период од историјата, е роден во 356 година п.н.е. Различни извори наведуваат различни датуми, но најчесто се споменуваат 20, 21 или 22 јули, како датуми кога е роден.

Инспиративен како за историски истражувања така и за народни приказни, за Александар Македонски, неговиот живот и начинот на кој ги инспирирал луѓето од неговото време, но и од подоцнежните времиња, секогаш можете да прочитате многу интересни работи.

Еве неколку кои можеби не сте ги знаеле досега:

1. Александар Македонски успеа да го освои поголемиот дел од дотогаш познатиот свет, а во исто време тој беше крал на Македонија, египетски фараон, крал на Персија и крал на Азија.

2. Гај Јулиј Цезар, Марк Антониј и Октавијан Август, секој во своја возраст, учествуваа во аџилак на едно место во Александрија, за кое потоа сметаа дека е негов гроб.

Иако таму има импозантен саркофаг, кој многу луѓе доаѓаат да го посетат, вистинското место каде е погребан Александар е сè уште е тема на спор меѓу историчарите и археолозите.

3. Тој се смета за основач на најмалку 70 градови, од кои 20 биле именувани по него, а еден дури и по неговиот коњ, Букефал.

Александрија Букефалова или Букефалија е основана во мај 326 година п.н.е., на местото на познатата битка кај Хидаспес, непосредно по смртта на Букефал. Се верува дека неговата локација не била далеку од градот Jheluma и денешен Пакистан.

4. Александар редовно ја миел косата во раствор од растението шафран, со цел да ги задржи сјајот и бојата на русата коса.

5. За време на неговото владеење, тој не бил обожуван од народот како по неговата смрт. Многумина дури го сметале за тиранин, кој при тоа бил и пијаница.

6. Откако ја извојува победата над Дарјанска Персија, тој започна да се облекува како Персиец, а историјата вели дека зел и две Персијки за свои жени.

7. Научниците кои го истражувале неговиот живот, исто така, дошле до заклучок дека тој има хетерохромија, што значи дека едното око било кафеаво, а другото сино.

8. Прекарот „Велики“ го заработил од своите војници - кои, за разлика од народот, му се восхитувале и го сметале за невиден командант и водач.

9. Во една прилика, Александар наредил да се одржи натпревар во алкохол меѓу неговите војници. Оваа ситуација може да се опише со популарната изрека: „Кој ќе преживее, ќе зборува“, имајќи предвид дека 42 војници починале од труење со алкохол.

10. Од шесте синови на Фидел Кастро, дури тројца биле именувани по Александар Велики: Алексис, Алехандро и Александар.

(National Geographic)

Фото: Reddit