Премиерот Заев откри како ќе го прослави роденденот
По посетата на еврокомесарот за соседство и проширување на Европската Унија, Оливер Вархеји, вчера, владина делегација денеска заминува во Брисел. Ама во седиштето на НАТО, каде ќе се одржи работа средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Владината делегација е составена од премиерот Зоран Заев, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
Во рамки на работната агенда, со почеток во 16:20 часот, премиерот Зоран Заев и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ќе одржат заедничка прес-конференција во прес-центарот на седиштето на НАТО во Брисел.
Инаку, на Премиерот денес му е роденден. Заев слави 46 години, а ексклузивно Женски магазин открива како ќе го помине. Стапивме во контакт со него во Брисел и ни рече: „На вечера ќе го прославам роденденот со Генералниот секретар на Нато, Солтенберг“.А, од кабинертот на Заев ни рекоа дека Премиерот утрово одговараше со благодарност на роденденските честитки после што започна интензивна работна агенда. Во текот на денот со владина делегација отпатува во седиштето на НАТО во Брисел каде ќе има работна средба со генералниот секретар на НАТО, Столтенберг. Оваа година својата роденденска желба премиерот ја посветува на борбата со КОВИД-19: вакцини кои штитат од вирусот, што поскоро, за сите граѓани.
С.А.Н.