Ем отруен, ем му го одзедоа станот и му ги замрзнаа сметките: Навални изигран дупло
Опозиционетот е насамарен. Обесправен и сега изгледа без имот. Едвај се опорави, срга го стигна ова.
Сметките на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални се замрзнати, а станот во Москва му е одземен додека тој се опоравува од труењето во болница во Берлин, изјави денеска неговата портпаролка Кира Јармич.
„Ова значи дека станот не може да се продава, да се донира или да се става под хипотека“, рече Јармич во видеото на Твитер.
Таа додаде дека неговиот имот е замрзнат на 27 август, поради тужба поднесена од компанија што доставува храна до училиштата во Москва.
Во октомври 2019 година, рускиот суд им наредил на Навални и на неговите соработници да платат отштета од 1,4 милиони долари на компанијата, бидејќи според судот, тие неоправдано го довеле во прашање квалитетот на храната.
44-годишен критичар на владата на Владимир Путин падна во кома претходно овој месец во авион над Сибир. Тој беше пренесен од Русија на лекување во Берлин, а германската влада извести дека тестовите спроведени во Германија, Франција и Шведска покажуваат дека тој бил отруен од нервен агенс Новичок.
Членките на ЕУ ја повикаа Русија да го расветли она што тие го сметаат за обид за атентат, но Москва одбива и вели дека нема индиции дека е извршено злосторство против Навални, кој оттогаш се опорави.
Кремљ вчера објави дека Навални може да се врати во Русија како и секој друг граѓанин.