Ерген одев мајко, поарно ми беше, или? Оженети V.S. неженети
Има ли разлика?
Разликата помеѓу оженетите и неженетите мажи е во тоа што првите се бричат прво наутро и вторите во вечерните часови, пред да излезат.
Во прашање е само сферата на интерес, некои бараат и страдаат по потрага, а други кои не страдаат за истото, туку патат од недостаток на потрага. Секогаш на другиот му е подобро “, ова е еден од најинтересните и можеби најточните одговори.
Постојат и нешта како „Оженетиот треба да ги заобиколи неженетите, за нивна безбедност“. Друг многу интересен одговор на ова прашање е: „Неженетите немаат сопруга, а женетите неколку“!
"Разликата е огромна. Оженетите се однесуваат во повеќето случаи како да се слободни а слободните не бараат ништо, гледаат мирно телевизија и читаат што сакаат и кога сакаат"- вели една жена која залутала на машки форум.
Општо мислење е дека женетите мажи не уживаат во секс онолку колку што уживаат неженетите. Но токму женетите уживаат во повеќе секс и уживаат во тоа. Една студија од 2006 година дури откри дека мажите во брак доживуваат повеќе оргазам и повеќе орален секс. Во истата студија се вели дека стравот од обврски е голем, но мажите не треба да забораваат дека и жените се плашат од тоа!
Повеќето испитаници се согласија дека женетите мажи претпочитаат жени, а не девојки но дека немаат време за своите пријатели!
Но одредена група женети мажи пати по нешто по младо. Неженетите често не пребираат. Битно им е да се задоволат.
Сепак, љубовта е таа која во 99 проценти од двете групи на мажи преовладува. Мажите сакаат да бидат сакани и да сакаат. Да, сексот игра голема улога како и прељубата и изневерувањето, но без љубов би биле само машини за секс.
Секако, и кај женетите и кај неженетите постојат бројни предности и недостатоци- слобода, семејство, спиење со повеќе жени, деца, пиво со пријателите, неможност за реализација, можност за заедничка иднина...
Кој е подобар, оној со сопруга или оној со девојка?
Ни случајно ова да не сте го поставиле како прашање на женска личност!!!