Фејсбук го „елиминира“ коронавируст: Отстрани седум милиони лажни објави
Фејсбук е под притисок да спречи лажни информации и презема посилен пристап кон умереноста на содржината во последните месеци.
Токму затоа, отстрани повеќе од 7 милиони објави во вториот квартал од годината затоа што содржеле лажни информации за коронавирусот, што може да им наштети на здравјето на луѓето, јави ДПА.
Компанијата издаде и предупредувања за околу 98 милиони објави за коронавирусот со сомнителна, но не толку опасна содржина, изјави потпретседателот на Фејсбук Гај Розен, пренесува БТА.
Интересно е тоа што Фејсбук неодамна отстрани објава од веб-страницата на Доналд Трамп, бидејќи содржеше лажни информасции за пандемијата.
Компанијата соопшти дека санкционирала помалку пораки за самоубиства и самоповредување, голотија на деца и сексуална експлоатација помеѓу април и јуни, бидејќи помалку модератори работеле поради пандемијата.