ФРАНЦУСКИ СПАЈДЕРМЕН: Се качува по облакодери без заштита, во каубојски чизми (ВИДЕО)

Ален Роберт, попознат под прекарот „Француски Спајдермен“, се одлучи за уште една луда акција.

Тој бил забележан како се качува на 32-катна зграда во Франкфурт, Германија. Како и многу пати претходно, без никаква заштитна опрема или безбедносни јажиња.

Облечен во сребрено одело и каубојски чизми. Единствено што направија за неговата „безбедност“ е тоа што ги затворија околните улици, а амбулантата беше на готовс.

За среќа, Ален успешно го изведе ова лудо качување.