(ГАЛЕРИЈА) 3Д графити кои ќе ве шокираат

Ова е уметност, а не вандализам.

Графитите се „улична“ уметност под која се подразбира исцртување и цртање одредени теми на ѕидовите од зграда. Графитите станаа неверојатно популарни и се поголем број на луѓе почнуваат да им посветуваат внимание на графитите, но сепак се поставува прашањето дали е ова уметност или вандализам.

Сите они кои велат дека цртањето графити не е уметност, лошо се залажуваат. Оваа техника на цртање бара сериозна прецизност, оргомна способност за цртање, како и познавање на боите. Сигурни сме дека и вие некогаш имате видено графит, кој едноставно ве оставил без зборови. Тоа е доказ дека овој начин на изразување е вистинска уметност. Уметниците кои ги цртат графитите, обично тоа го прават од чиста љубов и бидејќи сакаат да пренесат некоја порака.

Меѓутоа, сега ви претставуваме посебни 3Д графити кои навистина ќе ве остават без текст. Тие се креирани со цел да го натераат набљудувачот да се почувствува како да е во друга димензија. Овие слики доаѓаат до израз кога ги набљудувате од посебен агол, бидејќи само тогаш создаваат неверојатна 3д илузија која ги подместува гранците на умот.