Гледате во животното кое е главен потенцијален преносител на коронавирусот
Кинеските истражувачи велат дека постои огромна можност ова животно да е главен носител на коронавирусот. Според сите досегашни испитувања и обемни истражувања, токму таканаречените Панголини се на првото место на „виновници“ за опасниот вирус. Познато е дека животните се главни пренесувачи, ама најверојано вирусот од животното е пренесен на луѓето бидејќи ова оклопно „чудовиште“ е главна мета на криумчарење и забранет лов. Поради специфичата кожа обложена со коскени крлушки и месото кое се смета за деликатес, често е нелегално ловено и препродавано, посебно во Кина, земјата од каде потекна вирусот.
Панголините (Pholidota) се од класата на цицачи. Карактеристика на овие животни се крлушките.
Живеат во јужна Африка (од Сенегал и Судан до Јужна Африка), како и во Јужна и Југоисточна Азија (од Пакистан до Борнео).
Највпечатлива карактеристика на овие животни е кожните крлушки што го покриваат целото тело. Симетрично се сложени, од грбот до стомакот, а испакнатите делови имаат надворешна кожа. Крлушки немаат само по грбот и стомакот, туку тие се распоредени на муцката, страните на лицето, абдоменот и внатрешните делови на екстремитетите.
Нивните черепи се издолжени и се едни од наједноставните изградени од сите цицачи. Нивните очи се мали, а ушна школка имаат само оние во Азија. Според овие карактеристики, животното слабо гледа и слуша. Но, тие го надополнуваат тоа со многу добро развиено чувство за мирис.
За лов на инсекти користат екстремно долг леплив јазик како црв (околу 25 см). Најголемиот вид, огромниот Панголин, има јазик долг до 70 см, и бидејќи нема доволно простор за тоа во усната шуплина, го привлекува во градната празнина. Инаку, немаат заби.
Имаат силни кратки нозе, задните се малку подолги од предните. Сите четири нозе завршуваат со пет прсти, секоја има канџи како срп. Тие се користат за ископување на мравки и термити.
Големината на телото на овое животни се движи од 30 до 90 см и е поддржан од долга и силна опашка. Тежат 2,5 кг и 33 кг, во зависност од големината.
Живеат во грмушки во шумите и шумските области, но и саваните. Некои видови живеат во јами што ги копаат за себеси, или ги преземаат од други животни, додека други живеат главно во дрвја. Тие се претежно ноќни животни.
Се движат полека, а опашката им е за одржување на рамнотежа. Предните нозе само повремено се користат.
Ако бидат нападнати, тие се стуткуваат во топка опкружена со тврди крлушки кои не се лесни за пробивање. Овој „оклоп“ може да му одолее на нападот на скоро секој предатор. Исклучоци од ова правило се големите мачки и хиени. Покрај овој „оклоп“, Панголините имаат и друго „оружје“: слично на некои видови во семејството куни, покрај аналниот отвор, имаат и смрдливи жлезди од кои можат да го зашеметат напаѓачот.
Овие животни обично се осамени. Мажјаците се поголеми од женките, а сите се добри пливачи.
Главно се хранат со термитите и мравките. Нивните моќни канџи, прилагодени на оваа цел, ги отвораат нивните живеалишта. Потоа, со своите долги јазици покриени со леплива плунка, тие собираат плен.
Бидејќи се многу повлечени, малку се знае за репродукцијата но и тоа дека кога ќе се родат, мајката ги носи младите на опашката скоро три месеци.
Животниот век им е околу 13 години. Максималната позната старост е 20 години.
Популацијата им е во екстремно опаѓање. Вината за овој феномен, се верува дека првенствено е ловот. Месото им се смета за деликатес и нивните крлушки играат важна улога во традиционалната кинеска медицина.