Го гледавме во хит филм, тежеше 250 килограми, а денес е поинаков маж: Ослабе и стана „отров“ за жените

Ако ви е тешко да изгубите пет или десет килограми, само сетете се колку му беше тешко на Итан Супли кога реши да ослабе 130 килограми.

Итан Супли го паметиме како главен актер од серијата „Се викам Ерл“. За време на снимањето на култната серија „Супли“ тежел дури 250 килограми, а потоа една недела се одлучил за драматична промена во животниот стил.


На драстична промена се одлучил во 2002 година кога ја запознал сопругата Брејди Луис со која се оженил четири години подоцна. Брејди била негов голем мотив во се‘, па решил да не се откажува поради неа.


„Кога ја запознав, прво почнав да размислувам за иднината и за се што сакам да поминам со неа“, изјави еднаш за магазинот People, а неодамна напиша трогателна објава на својот Инстаграм профил по повод нејзиниот роденден.

„Пред да ја запознаам сопругата, иднината не беше нешто за кое размислував. Многу ми е мило што животот сега е нешто на кое се радувам од ден на ден. Среќен роденден, Брејди. Те сакам", напиша Итан кој собра повеќе од 20.000 лајкови за кратко време.


Итан откри дека неговиот сегашен изглед е резултат на вежбање и правилна исхрана. Брзо сфатил дека гладувањето и диетите не се решение, па не сакал да се откаже од уживањето во вкусните оброци.


„Поминав речиси две децении приспособувајќи се на различни диети и страдав. Бев успешен во тоа, брзо ќе стигнев до целта, но и многу брзо ќе го повратев изгубеното. Не патам повеќе, го сакам својот живот", признал Итан во една прилика.

По „Се викам Ерл“ имаше улоги и во други филмови како „Ранч“, „Домино ефект“, „Генерација Икс“, „Сеќавања на титаните“ ...


Фото: Инстаграм