Го знаете сите! Хитлер бил номиниран за Нобеловата награда за мир?

Иако се започна како шега и иронија, една неочекувана информација за нацистичкиот водач е запишана во историјата.

Верувале или не, Махатма Ганди и Адолф Хитлер имаат нешто заедничко - и двајцата беа номинирани за Нобеловата награда за мир. Покрај тоа, лидерот на Национал-социјалистичката германска работничка партија и германски канцелар беше препорачан на Нобеловиот комитет како идеален кандидат за оваа награда во 1939 година, само три месеци пред германската инвазија на Полска. Со други зборови, Хитлер беше номиниран за Нобеловата награда за мир непосредно пред почетокот на Втората светска војна.

Тој беше номиниран од Ерик Готфрид Кристијан Брант, шведски политичар и член на парламентот од 1938 до 1943 година. Очекувано, оваа номинација наиде на неодобрување во европската јавност, а Брант често го нарекуваа фашист и се соочи со откажување на неколку негови предавања.

Во своето писмо до Нобеловиот комитет, Брант го нарекува Хитлер Фирерот, „Од Бога даден борец за мир“ и „принц на мирот на Земјата“. Mein Kampf, злогласната автобиографија на германскиот диктатор, е опишана како „по Библијата, можеби најдоброто и најпопуларното книжевно дело во светот“, а авторот го изразува своето верување дека Хитлер ќе донесе мир во Европа, а можеби и на светот.

Ако сето ова звучи како шега, тоа е затоа што е така.

Брант беше истакнат антифашист и еднаш објасни дека со номинирањето на Адолф Хитлер за Нобеловата награда, се обидел со иронија да се осврне на актуелните настани. Имено, му пречело тоа што за ова признание е номиниран британскиот премиер Невил Чембрлен, истакна тогаш Брант за шведскиот весник „Свенска моргонпостен“ и додаде дека освен тоа ги провоцирал Хитлер и нацистите. Кога започна Втората светска војна, Брант напиша дека неговото саркастично писмо требало да го „закова Хитлер на ѕидот на срамот, како најголем непријател на мирот во светот“.

Сепак, бидејќи народните пратеници се меѓу оние кои можат да предложат кандидати за добивање на Нобеловата награда, останува запишано во историјата дека Адолф Хитлер навистина бил меѓу номинираните. Интересно е што во истата година норвешкиот политичар Оле Колбјорнсен по трет пат неуспешно го номинира веќе споменатиот Махатма Ганди.

Според сите извештаи, нема докази дека германскиот диктатор бил блиску до добивање на Нобеловата награда. Дури и да ја добил, ќе морал да ја прекрши сопствената наредба за да му биде доставена. Имено, Хитлер бил бесен затоа што Нобеловиот комитет во 1935 година го наградил неговиот критичар Карл фон Осиецки, и му забранил на секој Германец да ја добие оваа награда.извор:nationalgeographic