Голем, дебел бакнеж за момчиња и убави жени: Го мава еуфорија Доналд Трамп пред изборите

Овој американски претседател е навистина човек од шоу бизнисот. Мора да биде во центар на внимание, па дури и со тоа што оздраве буквално еден ден од коронавирус.

Тој сега се врати во предизборната кампања за помалку од две недели откако соопшти дека е заразен со коронавирус на собирот во Санфорд на Флорида, на кој, без маска на лицето, се фалеше за своето управување со епидемијата.

Доналд Трамп влегувајќи на аеродром во Санфор фрлал маски за присутните, а за време на своето обраќање во повеќе наврати зборувал за закрепнувањето од вирусот Ковид-19.

„Завршив со тоа. Велат дека сум имун, Се чувствувам толку моќно“, рекол Трамп пред илјадници присутни кои стоеле доближени еден до друг, повеќе без маски.

„Ќе бакнувам момчиња и убави жени, на сите ќе им дадам голем дебел бакнеж“, рекол Трамп.