„Гробишта на авиони“: Еве каде одат авионите кога ќе се „пензионираат“

Како и луѓето, авионите се повлекуваат на одредена возраст.
Желбата да лета се чини дека е својствена за човекот, а браќата Рајт го измислија првиот успешен авион во 1903 година, после тоа патувањата никогаш повеќе не беа исти.

Во модерното време, авионите летаат низ целиот свет пренесувајќи стока и патници. Но, што се случува откако авион ќе полета на својот последен комерцијален лет?

Прво, важно е да се разбере животниот век на просечниот авион. Интересно е што очекуваното траење на животот не се мери со години. Животниот век на авионот го одредува производителот и обично се заснова на циклуси на полетување и слетување.

Авионите се повлекуваат на одредена возраст. Во тој момент, авионот оди во магацинот и чека друга авиокомпанија да го земе или поправи или расклопи и рециклира.

„Одлуката за расклопување на авион обично зависи од тоа дали вредноста на неговите делови и компоненти е поголема од вредноста на леталото како летачка машина“, изјави за Си-Ен-Ен Травел, Марк Грегори, директор на Air Salvage International.

„Авионот се повлекува од повеќе причини“, рече Патрик Конел, извршен директор на Џет Јард, овластена станица за поправка.

Авионите обично се повлекуваат од служба и се ставаат во програма за складирање. Овие програми го одржуваат леталото во функција. Некои од овие авиони можат да бидат обновени и препродадени од нов оператор. Други авиони се демонтираат за делови, а потоа остатокот се сече и се рециклира.

По некое време, авионот повеќе не е погоден за летање и се повлекува кон „авионските гробишта“. Наспроти импликациите на гробиштата, што значи последно место за одмор, „гробиштата на авионите“ се слични на магацин.

Стотици до илјадници авиони можат да бидат сместени во кој било магацин во исто време. Авионите обично се наоѓаат на југозападот на Америка, бидејќи климата е погодна за складирање.

Сувото време помага да се ограничи количината на корозија или 'рѓа на металните делови од авионот. Авионите можат да се чуваат многу години. Некои се чуваат само неколку месеци додека не најдат нов оператор или сопственик.

извор: Beograd.in