И двете родија две деца: Сопругата на убавецот Владимир Вуксановиќ е непрепознатлива, сите ја споредуваат со Наташа Беквалац

Љубовната приказна на Владимир Вуксановиќ и Наташа Беквалац своевремено привлече големо внимание. Кога манекенот по раскинувањето со новосадската барбика се смести покрај убавата латиноамериканска Дахијана, споредбите со пејачката беа неизбежни.


Сопругата на Вуксановиќ и поранешната манекенка имаат две деца, синот Теодор и ќерката Валентина, а нејзиниот изглед по две породувања многу се коментира.

Дахијана редовно ги споделува своите активности и хоби на социјалната мрежа Инстаграм, па имавме можност да видиме колку е посветена на тренинзите и здравата исхрана.

Со оглед на тоа што моментално се на одмор со децата, сопругата на Вуксановиќ покажа како изгледа во бикини.

Извајаните стомачни, тесниот струк и витките нозе ги забележаа сите кои ја следат атрактивната црнка, а да не знаевме дека е мајка на две малечки никогаш немаше да претпоставиме.

Очигледно напорните тренинзи вродиле со плод, па сега сопругата на Владимир може гордо да прошета на плажа.


Инаку, Дахијана влезе во животот на Вуксановиќ во 2018 година, откако ја раскина свршувачката со Наташа Беквалац.


Многумина се прашуваат зошто врската не успеала, но јасно е дека манекенот си ја нашол среќата.

Фото. Инстаграм

извор: Глорија.рс