„Имав 19 години кога човек од 83 ми направи дете“: Носев ѓавол во стомакот
Кариса Шенон имала 19 години кога 83-годишен маж ѝ направил дете, тоа бил Хју Хефнер.
Поминаа 7 години од смртта на славниот Хју Хефнер, а по неговата смрт на површина испливаа најмрачните тајни на озлогласената вила на Плејбој. Приказната која најмногу ја шокираше јавноста е исповедта на близначките Кариса и Кристина кои 18 месеци му беа „девојки“ на Хефнер.
Кариса Шенон тврдеше дека абортирала откако дознала дека е бремена со Хју Хефнер. Во тоа време тој имал 83 години, а таа само 19.
Таа се подготвувала да ги зголеми градите со естетска хирургија финансирана од самиот Хефнер, кога тестовите на крвта покажале дека е бремена.
„Не бев во врска со никој друг, а тоа можеше да биде само негово бебе. Сакав да го надминам тоа што е можно поскоро“, изјави таа за Sunday Mirror.
„Не сакав да дознае и никогаш не го стори тоа. Ми се гади од моето тело и се чувствував како да има вонземјанин во мојот стомак, како ѓаволот да е во мене. Не сакав никој да знае дека јас носев дете на 83-годишен маж“, рече Шенон.
„Најдов клиника во Лос Анџелес. Не' остави обезбедувањето на Хеф во трговскиот центар, се преправавме дека одиме на шопинг, а потоа му се јавив на мојот пријател да не земе. Успеавме да го задржиме тоа во тајност“, рекла Кариса.
Близначките денес имаат 34 години, а биле принудени да спијат со Хефнер на само 19 години и на нивниот роденден. Тие се занимавале со незаштитен групен секс и бил вклучен многу алкохол.
„Штотуку наполнивме 18 години и бевме наивни. Се сеќавам дека беше многу шармантен и фин. Носеше свилени пижами и влечки со својата црвена наметка. Беше како крал во замок - беше толку моќен. Ќе ми речеше „Еј, сакаш ли да дојдеш да седнеш до мене?“ Можевме да видиме како другите девојки веднаш ќе станат љубоморни“, се сеќава Кариса.
„Ни купи алкохол иако на луѓето помлади од 21 година не им беше дозволено да го консумираат во Америка. Кога се вративме, Кендра не праша дали пушиме трева во неговата соба.
Но, кога влеговме во неговата соба, Кендра излезе и бевме навистина нервозни. Хеф го забележа ова и рече - зошто не се пресоблечеш во нешто поудобно? Извади неколку италијански свилени пижами и ги облековме. Потоа извади неколку апчиња за коњи. Тоа беше метаквалон што често го консумираше“, открија сестрите.
Кариса додаде дека Хефнер ги допирал кога пилулата стапила во сила.
„Тој рече дека лековите ќе ни помогнат со нашата анксиозност. Пушевме трева. Отпрвин ни беше ладно, но по некое време апчињата не зашеметија“
Постојано велеше: „Душо моја, душо моја...“ и не галеше додека лежевме на страна.
Рече дека го викаме „тато“. Беше скоро пет часот наутро кога се вративме во нашата соба таа прва вечер, и тогаш се договоривме дека тој е ѓаволот. Тој има темна душа и ќе оди во пеколот“, изјавиле сестрите за Mirror и планираат да го тужат Плејбој за емоционално страдање и траума.