Имунологот Ентони Фаучи, еден од 100-те највлијателни луѓе во светот според Тајм

Списанието Тајм е едно од највлијателните во светот. Секоја година избира највлијателни луѓе на планетата, па така и за оваа година го обојави списокот од 100- те највлијателни.

По тој повод беа дизајнирани дури осум корици, во кои беа претседателот на Тајван, Цаи Инг-Вен, иницијаторите на движењето „Црните животи се важни“ Патрис Калорс, Опал Томети и Алисија Гарза, имунологот Ентони Фаучи, бизнисменот Сундар Пичаи, медицинската сестра Ејми О Саливан, брачната двојка – актерката Габриела Унион и кошаркарот Двејн Вејд и музичарите „Викенд“ и Меган Ти Сталион.

На списокот на 100-те највлијателни лица, меѓу другите се најде и музичарката Селена Гомез, а од политичарите издвоени се Ангела Меркел, Џо Бајден и Си Џиннпинг.