„Изгледа како сунѓер изваден од морето“: „Терминаторот“ уловен на плажа во осмата деценија, доби бројни критики за изгледот
Арнолд Шварценегер е фотографиран на плажа, коментарите одат до најекстремни крајности, а како мислите вие дека Шварценегер изгледа за својата 75-та година?
Шварценегер важеше за најголемиот ѕвер на малите екрани. Ги играше улогите на најжестоките момци. Тој беше Терминаторот, Херкулес, Конан итн. Секое дете се восхитуваше на неговите мускули и ги имитираше ликовите што ги играше. Тој беше идол за многу генерации.
Тој беше наречен „човек-карпа“ со причина, исто како што беше Херкулес во грчката митологија, најсилниот херој со најголеми мускули. Сепак, голото тело на Шварценегер е доказ дека годините не се само бројки, ќе се согласиме дека е невозможно на 74 години да изгледаш исто како на дваесет и нешто години.
Сепак, многумина не му ја простуваат возраста и негативно го коментираат неговиот изглед. Коментарите се поделени. Некои го бранеа велејќи дека изгледа како порано, само малку постар, а други го критикуваа бидејќи се разочарани од изгледот на поранешниот актер, бодибилдер и гувернер.
„На 30 и 70 не може да изгледа исто“, „Изгледа како сунѓер изваден од морето“ - се дел од коментарите.