Ја побара за жена на местото на кое ќе загинеше за време на земјотресот: Зошто да чекам

Животот е непредвиллив. Некогаш, од голема трагедија може да се изроди среќа.

Така е и во овој случај.

Меѓу урнатините пред Здравствениот дом во Петриња, каде за малку ќе го загубеше животот, во петокот Дин Јаданиќ (32) ја запроси својата девојка Ана Крзнаревиќ (26).

- Имав намера да ја запросам Ана минатата година, сето тоа требаше да биде божествено и убаво, исто како што таа заслужува. Избрав место и го чекав вистинскиот момент, но се случи 2020 година со сите свои неволји и короната, па таа идеја падна во вода - изјави Дин за 24сата. 

Дин работи како медицински техничар во Здравствениот дом Петриња веќе тринаесет години, а за време на земјотресот на 29 декември едвај извади жива глава.
Сега и двајцата волонтираат и им помагаат на жртвите од земјотресот, па ретко се гледаат поради работа.
- Во четвртокот навечер, разговарајќи со мојот најдобар пријател Марк, решив следниот ден да ја запросам Ана, бидејќи сфатив дека нема смисла да се чека вистинскиот момент. Секој момент е вистински - ја продолжува приказната.

- Знаете како го чувствуваме тоа ние девојчињата, но овој пат немав идеја што се случува. Тој само вечерта ми рече дека сепак треба да одиме во Здравствениот дом да земеме некои работи. Пријатели нè чекаа таму, а Дин се преправаше дека бара нешто на подот. Иако не знаев што бара, барав со него. Потоа само во еден момент тој ја соблече кацигата, клекна на колена, го извади прстенот и тоа беше тоа. Секако дека реков да! - рече Ана.

извор:vecernji.hr

Фото:Sanjin Strukic/PIXSELL