Каков момент: Нуркач се најде лице в лице со морски гигант - ова засекогаш ќе остане во неговото сеќавање (ВИДЕО)
Да се биде нуркач често значи да се биде под вода и да се
открие сосема поинаков, нов свет. Вие сте во целосно ново царство, исполнето со
различни живи суштества.
И како што луѓето се заинтересирани за животните, така и тие се заинтересирани да запознаваат луѓе.
Русинот Мајк Коростелев (35) имаше многу среќен ден кога го виде веројатно едно од најголемите живи суштества од длабочините на морето. Тој е морски фотограф, на кого му се посреќи да му пристапи грбав кит, кој сакаше да си игра со него.
Овој нежен морски гигант излезе од големите длабочини на морето и веднаш му пријде на овој нуркач. Се чинеше дека сака да го прегрне Мајк. Тие беа буквално очи в очи еден со друг.
Во еден момент како перките на Мајк да го допреа стомакот на китот. Продолжија да пливаат и уживаат во друштвото неколку минути, додека колегите на Мајк го снимија овој неверојатен момент.
Фото и Видео: Youtube