Канје Вест провоцира на секој можен начин: „Неподобен“ кандидат за претседател или маркетинши трик?

Деновиве на големо се зборува за раперот- кандидат за претседастел на Америка.

Гласините одат до таму што го направија психички нестабилен и неподобен за таа функција. Но, токму за ова тој ги „подгоре“ страстите на сите со неговите изјави. 

Па така, се случи и неверојатен пресврт во семејството Кардашијан и раперот Канје Вест. Сега сопругот на старлетата Ким Кардашијан наводно се искара со целото нејзино семејство.

Имено, тој на Твитер објави дека неговата сопруга Ким Кардашијан Вест се обидела, како што тврди, да го затвори со психијатар, по неговиот скандалозен предизборен митинг во Каролина, со кој ја објави својата кандидатура за претстојните претседателски избори во САД.

Медиумите шпекулираат дека Ким се заканила дека ќе се разведе од славниот рапер, доколку тој не запре со политички ангажман. Она што ја разлутило Ким Кардашијан е исповедта на Канје на предизборниот митинг, за време на кој рече дека двајцата размислувале за Ким да абортира со нивната најстара ќерка Норт.

Тој исто така го коментираше и познатото секс видео што беше објавено во 2007 година, во кое Ким Кардашијан има врска со нејзиното тогашно момче.


„Би направил се за моите деца и се молев на Бога мајката на моето дете да не ја продава својата секс-снимка за да стане позната“, напиша тој.

На сето ова се надоврзаа членовите на кланот Кардашијан кои јавно го критикуваа Вест.

Други пак, сметаат дека сево ова е еден голем маркетиншки трик по кој се познати Кардашијан, а и самиот Вест.