Кичо Слабинац на респиратор: Музичката легенда пред голем животен предизвик
По имплантацијата на три стента, пејачот Крунослав Кичо Слабинац е буден и е под лекарства и неговиот живот не е во опасност
„Кичо Слабинац не е ставен во никаква кома, како што велат некои непроверени информации, тој на лекови и беше ставен на респиратор, да се одмори и за да заздрави неговата градна коска. Целта е додека е на респиратор, да се формира така наречена фиброзна плоча и после тоа градната коска се обновува. Значи, Кичо е буден, но под лекови и под надзор во единицата за интензивна нега. Не му е загрозен животот “, рече д-р Хрвоје Гашпаровиќ од КБЦ Загреб, кој го оперираше Слабинац.
Тој додаде дека веќе би бил дома доколку немаше проблеми со заздравувањето на градната коска предизвикана од прекумерната тежина.
Кичо е познат по хитовите „Због једне дивне црне жене“ и „Инати се Славонијо“, а оваа година славеше 50 години од својата кариера.
.