Ким Јонг-ун воведува мерки за запирање на коронавирусот
Водачот на Северна Кореја Ким Јонг Ун повика да се преземат мерки за стопирање на коронавирусот и спречување на жртви и оштетување на земјоделските култури што може да ги предизвика Тајфун Бави, објави државната новинска агенција КЦНА.
Политбирото на Работничката партија се состана во проширен состав во време на пандемичен интензивиран притисок врз севернокорејската економија, погодена силно од неодамнешното затварањ на границитеи поплавите.
На состанокот беа анализирани „некои проблеми во државниот кризен режим спречување на пандемија со контролирање на влезните патишта на малигниот вирус“, се вели во соопштението на државната агенција.
Северна Кореја не пријави потврдени случаи на новиот коронавирус, но Ким во јули рече дека „може да се каже дека (вирусот) влегол“ во земјата и воведе строги ограничувања во градот Каесонг, откако маж покажал симптоми на ковид -19.
Мажот бил тестиран, а резултатите од тестот недвосмислено го потврдија присуството на коронавирусот, според Светската здравствена организација. После три недели ограничувањата беа укинати.
Пристигнува Тајфун Бави
На состанокот во Политбирото се разговараше и за итните мерки што треба да го спречат Тајфун Бави да предизвика човечки жртви и оштетување на посевите. Бави се очекува да пристигне во Северна Кореја во наредните денови, а поради обилните дождови и поплавите се стравуваза снабдување со храна.
Работничката партија распиша конгрес за следната година, на кој треба да се донесе одлука за новиот „петгодишен план“, бидејќи доцни во остварувањето на поставената цел за подобрување на состојбата во економијата и подигнување на животниот стандард.